петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругот на Брена проговори за односот со Лејди Ди: „Сакаше да биде што поблиску до мене, секогаш ме прашуваше едно исто прашање“

Сопругот на Брена проговори за односот со Лејди Ди: „Сакаше да биде што поблиску до мене, секогаш ме прашуваше едно исто прашање“

Зад нас е тажната годишнина од смртта на Дајана Спенсер, попозната како Лејди Ди. Омилената „принцеза на срцето“ почина пред точно 24 години и остави празнина во срцата на многумина што ја познаваа. Еден од нив е Боба Живојиновиќ, поранешен тенисер и сопруг на пејачката Лепа Брена. Наводно, Дијана многу го сакала Боба. Двајцата се запознале во 1987 година, Дијана тогаш била во брак со принцот Чарлс и често доаѓала на натпреварите на Боба. Иако членовите на кралското семејство имаа ВИП ложа, таа ги гледала од обичните трибини за да го биде до Боба што е можно поблиску. Тогаш тенисерот бил во врска со Зорица Накиќ, со која има син, Филип Живојиновиќ.

– Голема работа е кога некој како неа доаѓа на натпреварот да ве бодри. Бидејќи не се случувало некој од кралското семејство да навива за вас од трибините, изјави Боба за „Фреш прес“.

Се сети и на нивната прва средба.

– Една недела пред Вимблдон во 1987 година, се одржа хуманитарен натпревар под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците, заедно со уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав принцезата Дијана. Во првиот разговор, таа ме праша дали сум тенисерот кој има најсилен сервис. Следната година се одржа и изложбен натпревар, па таа повторно дојде. И повторно ме праша дали мојот сервис е се уште најсилен. Потоа почнавме да се дружиме и да се гледаме. Бевме блиски, рече Живојиновиќ, додавајќи дека со Лејди Ди често зборувал за секојдневниот живот и децата, главно за Хари и Филип бидејќи се врсници.

– Таа навиваше за мене. Бев исклучително горд што ме поддржа таква жена. Таа го сакаше начинот на кој играм и начинот на кој се однесувам на теренот и се што оди со него. Дијана беше прекрасна личност со која можев да разговарам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Се изненадив колку е природна жена. Чест ми е што ја запознав. Нашите долги разговори се сведуваа на приказни за секојдневните работи и нашите деца. Филип е на возраст на нејзиниот помал син Хари така што тие беа најчесто тема за разговор, рече сопругот на Лепа Брена.

Најнови вести