Српската старлета Сања Станковиќ прележала коронавирус, а никој не знаел бидејќи како што вели таа, не сакала да биде „распната“ како Новак Ѓоковиќ.
-Да, точно е! Го прележав вирусот. Не сакав прерано да се огласам бидејќи видов како поединци се однесуваа кон нас кои сме го прележале или кои уште боледуваат. Како што на пример ја “распнаа“ водителката Душица и нашиот легендарен Новак Ѓоковиќ, се огласи таа на Инстаграм.
„Едноставно сакав да ја избегнам таа агонија. Но сите кои беа во контакт со мене беа известени. Сега сум, фала му на Бога, здрава и одлично се чувствувам“, кажа Сања.
Таа додаде дека и претходните дена ги поминала во изолација и дека поради тоа не била присутна кога нејзината девојка Јована Томиќ-Матора ја напушти „Задруга“.