недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српски инфлуенсер бара пари од следбениците на Инстаграм за стан – еве колку му плаќаат: „Не престанувам да се потам“

Српски инфлуенсер бара пари од следбениците на Инстаграм за стан – еве колку му плаќаат: „Не престанувам да се потам“

Популарниот српски инфлуенсер Владимир Звекиќ, попознат како „Веселеен“, отворил посебна сметка и ги поканил своите следбеници да му платат по евро, за да може да купи стан.

Владимир си избра недвижен имот, а единствено што му треба за да го оствари „сонот“ се луѓе кои ќе го прифатат неговото барање, и ќе му го решат станбеното прашање на него кој е жив и здрав и со раце и со нозе.

Објавата на популарниот инфлуенсер предизвика бура на социјалните мрежи, иако тој во своите објави на Инстаграм се фокусираше на позитивните коментари и им се заблагодари на оние кои се решени да го „вдомат“ за поддршката.

– Ух, што да кажам, каква порака да испратам. На оние кои не веруваат во исконска добрина. Пријатели, ако ова навистина функционира, ве поканувам сите на забава за вселување и правиме циркус. Ќе го демолираме станот. Ни пола не знаете низ што поминав во животот и како живеев – наведе во соопштението и продолжи:

– Не сакав ни да ви кажам да не ве затемнувам или пак злите јазици да речат се правам жртва, но беше борбено. Толку пати сте ме извадиле од депресија, лоши ситуации, ми бевте ветер во грб, а не ни знаете, а само ова, уште сум во неверување, рацете ми се тресат додека пишувам, а тече солза од радост.

– Морам да легнам, но навистина не ми е добро, не престанувам да се потам, имам морници. Телефонот ми е жежок и утре ќе ви покажам како изгледа станот – напиша Веселин на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку, Владимир Звекиќ има 328 илјади следбеници, а ако барем половина од нив уплатат по едно евро на неговата сметка, тој сам би можел да избере некој од становите во најлуксузниот дел на главниот град во Србија.

Најнови вести