Фолк пејачката Лепа Брена ја совладаа емоции за време на снимањето на „Ѕвездите на гранд специјал“, по повод смртта на радио водителката Дивна Карлеуша.
Имено пејачката се расплака за време на видео записот кој беше пуштен по поводот смртта на радио водителката пред една недела.
Саша Поповиќ на самиот почеток на емисијата изрази сочувство до семејството како и до нејзината ќерка Јелена Карлеуша, а потоа на видео бим започна да се емитуваат фотографии од Дивна кои беа придружувани со песна од Лепа Брена.
Емотивниот момент можете да го погледнете од 8:30 минути.
Инаку Лепа Брена стана баба откако нејзината снаа пејачката Александра Пријовиќ се породи, а претходно таа го изгуби пејачот Шабан Шаулиќ и радио водителката Дивна Карлеуша.