Познатиот српски текстописец и син на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа, е пронајден мртов во Израел.
Оваа информација за тамошните медиуми ја потврдил неговиот татко, хитмејкерот Александар Радуловиќ Фута.
Лаќа последен пат ставил објава на Твитер на 12-ти декември, денот кога беше пријавен за исчезнат во Израел.
Без имена
Ма само без успомена !— Милан Радуловић (@RioJaggerr) December 12, 2022
Лаќа го цитираше стихот од популарната песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Кожа памти“, која ја напишала неговата мајка Марина Туцаковиќ.
Пред тоа Лаќа ги извести своите следбеници на Твитер дека е во Израел, од каде ги објави фотографиите.
Библиотека првог премијера Израела Бена Гуриона, у Тел Авиву. pic.twitter.com/owY0KJovjZ
— Милан Радуловић (@RioJaggerr) December 12, 2022