Милан Радуловиќ Лаќа, син на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, почина денеска во Тел Авив, каде на улица беше пронајдено неговото безживотно тело.
Неутешниот Фута на медиумите од соседството им ја потврдил веста за смртта на синот Милан, а пред 14 години на 1 декември заедно со сопругата Марина Туцаковиќ ја доживеаја најголемата болка, кога на 24-годишна возраст почина нивниот син Милош.
– Влегов во неговата соба и го најдов тоа што го најдов. Милош тогаш имаше 24 години. Беше на први декември. Секогаш се плашев дека нешто ќе му се случи. Вашето дете оди на екскурзија и се плашите како ќе стигне таму. Секогаш имате страв за луѓето што ги сакате. Интересно, јас таа вечер… Беше толку весел, се смеевме толку многу, не можев баш да имам лошо чувство. Колку што имав претходно од стравови… И токму тоа се случи, на што секако не се надевав тогаш. Не го очекував тоа. Тој ден требаше да одам кај жирито во една емисија. Тоа беше момент на лудило и трезвеност, изјави пред неколку години Марина, која, инаку, почина лани во септември како последица на долготрајната битка со ракот.
– Милош едноставно не се разбуди. Напладне беше здрав и добар, се беше нормално. Стана да се напие вода, и ми рече да го разбудам после четири за да оди на фризер и да се спреми за диско навечер. Меѓутоа, кога влегов во собата да го разбудам, го најдов неподвижен. Неговите прсти веќе беа сини. Не знам што се случи… Не знам дали има нешто полошо од тоа да го најдеш твоето дете како лежи неподвижно во кревет. Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што значи тоа за мене? Дали беше срцето, дали нешто зеде… Што е важно. Мене тоа не ми е важно. Бев со тие деца 24 часа. Имаа се, јас се грижев, но општеството ги повлече… Ако некој беше со тие деца, особено со Милош во тие ситуации, тогаш тоа бев јас. По неговата смрт не работев неколку месеци. Имав поддршка, музиката ми беше во крвта и морав…, изјави во една прилика Туцаковиќ.