Психичките тегоби се делат на неврози и психози. Првата е излечива состојба, а другата се одржува исклучиво со лекови. Еве кој од познатите може да биде опасен по себе, но и по другите.
Актерката Кетрин Зета Џонс јавно ја призна својата дијагноза за биполарно пореметување, за да ги охрабри и другите да земат терапија и лечење, на што и самата пристапи.
Во тешка постпородилна депресија влезе и Брук Шилдс. Таа изјави дека бебето дури не можела да го види.
Актерката Ким Новак јавно изјави своевремено дека исто како и Кетрин Зета Џонс имала биполарно пореметување, но дека со лекови може да се одржува во баланс.
Вирџинија Вулф, исто така патела од биполарно пореметување, а некои тврдат дека токму тоа е заслужно за нејзиниот единствен стил на пишување.
За Мерлин Монро се тврди дека имала биполарно пореметување, но и други некои состојби.
Од исто пореметување пателе и Жан Клод Ван Дам, Мараја Кери, Бритни Спирс, но и многу писатели, пејачи и уметници како што се Ван Гог, Едвард Мунк, Ханс Кристијан Андерсон, Гете, Ернест Хемингвеј, Едгар Алан По, Марк Твен, Чарсл Дикенс, Вилијам Фокмен, Бетмен…