Кент Дејмон (74) починал на 14 декември по долгата битка со ракот.
За тешката дијагноза дознале пред осум години, а по само неколку месеци состојбата знаќително му се влошила.
-Мојот татко е многу болен. Молете се за него, рекол Мет Дејмон на почетокот на овој месец.
Инаку, холивудскиот катер бил многу поврзан со својот татко. За да биде со него тој не се појавил ниту на промоцијата на филмот „Downsizing“ во кој ја игра главната улога.
-Изгубил многу пријатели поради таа лоша болест, но никогаш не мислев дека мојот татко кој трчаше маратон може да заболи од истата, изјавил актерот.
Кент често го фалел својот син велејќи дека е добар сопруг и грижлив татко.