петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тијана Дапчевиќ ослабе 15 килограми за само четири месеци: Ова е клучот за нејзиниот успех!

Тијана Дапчевиќ ослабе 15 килограми за само четири месеци: Ова е клучот за нејзиниот успех!

Пејачката Тијана Дапчевиќ може да се пофали со одличен резултат со оглед на тоа што за само четири месеци ослабе повеќе од 15 килограми.

Имено, како што истакна таа, клучот за се е рамнотежата и умерената количина на храна, а доколку заедно со сето тоа се воведе физичка активност и теретана, килограмите едноставно се топат.

-На тој чекор се решив кога сфатив дека повеќе не се чувствувам добро во своја кожа, кога видов дека не можам да се вклопам во одредени парчиња облека, изјави еднаш Тијана.

-Мојата исхрана се базира на балансирани оброци. Јадам грст зеленчук и овошје, малку месо, риба секако јадам два пати неделно. Никогаш не сум гладна бидејќи јадам буквално се, освен одредени намирници кои ми пречат, објаснила пејачката и открила дека не јаде тесто, а што се однесува до млечните производи, дозволено е само младо сирење.

 

Најнови вести