недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ТРАГЕДИЈА: Млада пејачка загина во авионска несреќа

ТРАГЕДИЈА: Млада пејачка загина во авионска несреќа

Една од најпопуларните бразилски пејачки, Марлиа Мендоча, почина на само 26 годишна возраст во авионска несреќа овој петок – пренесуваат светските медиуми.

Несреќата се случила кога мал, приватен авион се срушил во југоисточната држава Минас Гераис.

Покрај Мендоча, во несреќата загинаа и нејзиниот продуцент, помошник пилотот и копилотот на авионот, пренесуваат од Ројтерс. Мариа Мендоча стекна слава како пејачка која ја освои наградата „Латино Греми“ во 209 за најдобар албум во својата категорија.

Популарната интерпретаторка на бразилска музика остави зад себе двегодишен син, а пред да се случи несреќата, требало да настапи на концерт во градот Каратинга, одалечен само 12 километри од несреќата.

На само неколку часа од несреќата, таа објавила на социјалните мрежи видео во кое се подготвува да влезе во малиот приватен авион на пат за Каратинга.

Од владата на Бразил, изјавија дека оваа пејачка остава огромен впечаток и богат репертоар за бразилската култура и музика и нема да биде заборавена.

Причините за несреќата сè уште не се утврдени.

Најнови вести