недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Туцаковиќ: Знаев дека сум болна, а одбивав да одам на преглед

Туцаковиќ: Знаев дека сум болна, а одбивав да одам на преглед

Минатата година за Марина Туцаковиќ беше многу тешка. Откако дозна дека боледува од тешка болест, таа се повлече од јавноста, а дека лечењето оди во добра насока потврда е што Марина повторно почна со работа и веќе има напишано неколку текстови.

Покрај тоа што и годи работата, Марина се посвети и на домот, па во последно време готви низ дома и тоа исклучиво здрава храна.

А неодамна, во едно телевизиско гостување откри и како дознала дека е болна.

-Јас знаев дека тоа ќе ми се случи на мене. Се чувствував многу лошо, се нервирав. Имав една рана која што ја игнорирав, Знаев дека сум болна, навистина, и свесно не одев на преглед. Имав и приватни проблеми и поради тоа го занемарив здравјето. Се ставив самата себеси на последно место, призна Марина.

Најнови вести