Ѓорѓе Куљиќ е богат бизнисмен кој кариерата ја започна уште за време на своите студентски денови во Америка.
Тој долго време живееше и учеше во Њујорк, каде што започна и бизнис со камиони.
Ѓорѓе сака дружби, има група пријатели со кои често патува низ светот, а љубовта кон патувањата го спои и со Анастасија.
Пејачката откако се разделија се исели од луксузниот стан кој е вреден 700 илјади евра во кој пред неколку месеци започнаа заеднички живот, а сега остана да живее сам Ѓорѓе.
Наследничката на Цеца нема да го продолжи животот во луксузниот дуплекс во центарот на Белград, туку по раскинувањето со Ѓорѓе се враќа во вилата на нејзината мајка на Дедиње, од каде пак неодамна се исели Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ.