петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Твитерџиите се потсмеваат: „Карлеуша, те лајкна ли Канје, се знае ли нешто?“

Твитерџиите се потсмеваат: „Карлеуша, те лајкна ли Канје, се знае ли нешто?“

Веста дека пејачката Јелена Карлеуша на Инстаграм ја следи и американскиот рапер Канје Вест насмеа многумина и послужи како инспирација за голем број смешни коментари на Твитер.

По информацијата дека на Инстаграм ја следи еден од најпознатите музичари на денешницата, Карлеуша го искористи моментот и следниот ден објави фотографија на која позира гола.

Детал кој никој не го пропуштил е фактот што пејачката за оваа слика избрала патики од колекцијата на Канје. Тоа беше причина за лавина смешни коментари на Твитер.

Јелена Карлеуша сме сите ние кога ќе нѐ заследи симпатијата, гласи еден од коментарите.

„Добро утро на сите, те лајкуваше ли Канје?“, праша еден твитерџија, алудирајќи на тоа дека Карлеуша со нетрпение го чека лајкот на американскиот рапер.

„Карлеуша сега прикачува милион сториња за да може Канје да ги види и да и се јави, исто и јас кога ќе се заљубам.“

„Ја навивам за Јелена Карлеуша Тошиќ Вест“

Најнови вести