Сања Станковиќ, некогашната учесничка на Задруга, денес во емисијата “Премиера – Викенд специјал” признала дека била заразена од корана вирусот.
Со одговорот на прашањето на новинарот зошто по излезот од третата сезона на популарното реалити шоу не ја дочекала Јован Томиќ, со кој неодамна раскинала, ги изненади сите.
-Имав ковид-19 и затоа не го дочекав Јован кога излезе од Задруга. Се изморив. Немав некои симптоми, ама бев позитивна, раскажа Сања.
Сања претходните денови ги поминала во изолација, а не открила што ја натерало да се тестира.
На прашањето за тоа дали навистина ставила точка со односот со Јован, Сања дала интригирачки одговор.
-Ставена е точка со запирка. Ставена е точка на нашата врска. Се сложивме дека нема да бидеме заедно, ама дека ќе останеме пријатели. Јас сум сега слободна, изјавила таа во емисијата.