Пејачката Весна Змијанац имаше операција на срцето во март оваа година кога на неа и е вграден бајпас, а поради тоа на својот имот на село вработила една жена и маж.
Жената е тука да и ја чисти и одржува куќата, а мажот да го одржува дворот.
-После операцијата Весна не смее да се замара. Додатен проблем и претставува и тоа што имала силни болки во левата нога и не може убаво да оди, па се труди што повеќе време да мирува. Ќерката Николија ја молела да најде луѓе кои ќе и помагаат додека е на имотот во село, бидејќи здравствената состојба не и е наивна. Имотот освен тоа е огромен и има голем двор, нива, овоштарник. Весна сите овие години сама се грижеше за се, но веќе не може, вели извор за српските медиуми.
View this post on Instagram
Таа вработила маж и жена кои се грижат се да биде на свое место на имотот кои е буквално огромен, а пејачката го има купено иште пред неколку децении.
-Жената чисти и помага по дома, додека мажот се грижи за дворот, оди во набавка на храна… жената и помага и околу готвењето на храната, но таа е тврдоглава и понатаму сака сама да готви. Весна на имотот на село ќе остане цело лето, додава изворот.
View this post on Instagram
Пејачката во август ќе замине на одмор во Атина каде нејзината ќерка Николија и зетот Реља имаат имот, а има и закажани три настапи за на есен до кога не смее да се оптоварува и напрега.
View this post on Instagram