Не е тајна дека Ники Минаж и Карди Би не се поднесуваат, меѓутоа нивното меѓусебно нетрпение ги шокираше сите по најновиот скандал.
Имено, двете се степаа на Неделата на мода во Њујорк пред многубројни сведоци кои ја снимиле тепачката.
Сведоци на немилиот настан тврдат дека Карди била таа која прва агресивно ја нападнала Ники.
Набрзо дошло обезбедувањето кое едвај успеало да ги раздели, а Карди била видена како фрла чевел кон Минаж.
На крај Карди ја напуштила забавата со искинат фустан, боса и со џумка на главата.