Во медиумите се појавија видео снимки од нападот на холивудски актер Алек Болдвин кој по инцидентот за паркинг беше приведен од полицијата.
Во полициската станица Болдвин поминал два часа, а во официјалната изјава навел дека не го удрил непознатиот маж. Сепак Болдвин се товари за напад и закана, па на 26 месецов ќе мора да се јави на суд.
Како што јавија светските медиуми, додека член на семејството на актерот го чувал паркинг местото, друг возач се паркирал. По расправијата, Алек Болдвин наводно го удрил другиот возач, по што тој бил пренесен во болница, каде се пожалил на главоболка.