Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ беше мета на напаѓачи кои дури со три автомобили удрија во влезот од нејзината вила.
Според пишувањето на српските медиуми, непознати личности со автомобили од марката „Мини Купер“ и еден караван ја нападнале куќата на вдовицата на Жељко Ражнатовиќ. Дел од нападот го снимила и надзорната камера.
Со оглед на тоа дека Цеца често се поврзува со белградското подземје, некои шпекулираат дека се работи за мафијашка пресметка. Сепак, мотивот засега е непознат, а Цеца изјави дека очекува апсење во текот на денот.
Еве ја снимката која осамна на интернет каналот Јутјуб.
извор: Вистина.мк