четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Влегол во вилата на Кипар, а кога дошла полицијата крвта им се заледила од неговите зборови: „Немојте да ме апсите Цеца е моја жена“

Влегол во вилата на Кипар, а кога дошла полицијата крвта им се заледила од неговите зборови: „Немојте да ме апсите Цеца е моја жена“

Пејачката Цеца Ражнатовиќ доживеала непријатна ситуација откако и било јавено дека непознат маж влегол во нејзината куќа на Кипар.

Имено извесното лице О.Л влегов во дворот на вилата и влегол во нејзината вила, по што не сакал да го напушти објектот.

-Влегол во подрумот на вилата и таму седел неколку дена. Кога соседите забележале дека во дворот се шета непознато лице веднаш повикале полиција која брзо реагирала и го уапсила. Кога полицијата го уапсила тој извикувал, „зашто ме апсите, ова е мојата жена“, алудирајќи на пејачката, открива извор за српски Телеграф.

Лицето веднаш е депортирано за Србија и е поднесена соодветна пријава кон него.

-Оние што имале прилика да знаат повеќе за оваа ситуација знаат дека ова не е прв пат овој човек да влезе во нејзината вила на Кипар. Веќе два пати претходно го има истото направено таму и секој пат тој извикува дека Цеца е негова жена, вели изворот.

За потсетување Цеца има куќа на Кипар во областа Аја Напи во која секоја година летува заедно со своите деца и потесно семејство.

Најнови вести