Песната “Adio Amore” на раперот Раста е љубвна химна за многумина.
Но текстот кој го напиша покојната Марина Туцаковиќ всушност криел сосема друга приказна. Оваа песна за Раста ја напишал Милан, синот на Марина, непосредно по неговата
борба со зависноста од наркотици.
Во периодот кога се создавала песната, Милан се наоѓал во центар за рехабилитација и го напишал рефренот, но не можел да ги напише строфите. Откако се вратил од лекување, Марина му помогнала да ја заврши и текстот му го предале на Раста.
Делот кој Марина го напишала се нејзините емоции и состојби низ кои поминувала додека Милан имал проблем со зависноста.
Песната за која сите мислат дека е посветена за девојка и за љубовен однос, всушност е борба со зависност од наркотици.