Поради трагичниот настан, сообраќајната несреќа кај Карпалак, концертот на пејачот Жељко Самарџиќ кој требаше да се оддржи во сабота на 16-ти февруари во Вип Арената Борис Трајковски се одложува и истиот ќе се одржи на 23-ти февруари.
-Драги мои Македонци сакам само да ви кажам дека во овој тажен момент сум со вас и ја користам приликава на сите семејства на настраданите да им изразам искрено сочувство. Мојот концерт е преместен за 23 февруари, вели Самарџиќ.
Од продукцијата Балкан медиа, организатор на концертот, изразуваат искрено сочуство до семејствата на загинатите и побрзо заздравување на повредените.
Видеото од обраќањето на Самарџиќ може да го погледнете на следниов линк.