Една од оние пејачки кои не забораваат од каде потекнуваат е токму и Драгана Мирковиќ.
Пејачката често го посетува родниот крај, а неодамна исто така се врати дома од каде објави и фотографија од својот двор во домот.
Иако веќе со децении живее во Австрија каде има замок и дворец, таа со години вложува пари во семејната куќа каде живеат нејзините родители.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/08/995439_2694519-img2291-ff_ff.jpg)
Куќата во Касидол важи за една од најубавите во целото село, а соседите за српските медиуми раскажуваат дека пејачката кога и да дојде е како сите нормални луѓе.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/08/995443_2694563-img0591-ff_ff.jpg)
-Оди заедно со мајка и на пазарење, ја посетува фамилијата, зборува со соседите, кога сите пејачки би биле како неа и да не се срамат од каде потекнуваат би било добро. Секогаш остава бакшиш каде и да оди, раскажува љубезната продавачка во селото.