недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Безобразна одлука на „Гранд“: Двајца Македонци ќе се борат еден против друг

Безобразна одлука на „Гранд“: Двајца Македонци ќе се борат еден против друг

Повторно двајца Македонци еден против друг ќе се борат во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во најголемото студио на продукцијата „Гранд“ се одржа ждрепка за третиот круг, па секој од менторите доби свој противник.

Вики Миљковиќ едвај чекаше да и се падне Јелена Карлеуша за противник, па откако Јелена го избра Филип Пецовски, Вики го избра Стефан Величковски за негов противник.

Со оглед на фактот дека во оваа фаза на натпреварувањето има мал број на Македонци, оваа одлука е безобразна бидејќи еден од нив ќе мора да биде исфрлен од другиот.

Јавноста се сеќава кога во шестиот круг во месец мај 2015 година, Ален Хасановиќ го исфрли од игра Филип Божиновски, но подоцна во баражот се врати Филип и заедно со Ален стигнаа до големото финале на шоуто.