понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Би-Си-Си најави нова серија со легендарниот Атенбороу

Би-Си-Си најави нова серија со легендарниот Атенбороу

Би-Си-Си најави нова серија за дивиот свет, која ќе ја води легендарниот природонаучник Дејвид Атенборо, а ќе биде ангажиран тимот кој работеше на документарецот „Планетата Земја“.

Како што најави уредничката на Би-Си-Си, Шарлот Мур, новата серија ќе се вика „Династија“ и ќе го проучува начинот на кој животните ги штитат своите семејства и територија.

Серијата ќе се состои од пет делови, а публиката ќе може да го погледне овој вид на однесување кај лавовите, шимпанзата, ловечките кучиња, тигрите и кралските пингвини.

Таа ќе почне да се прикажува кон крајот на годината на првиот канал на Би-Си-Си.