Се појавија многу шпекулации за филмот што ќе го прикаже животот на починатиот Жељко Ражнатовиќ-Аркан во текот на изминатите неколку години, но сега е веќе сигурно дека наскоро ќе започне неговото снимање. Како што објавуваат српските медиуми, Светлана Цеца Ражнатовиќ подолго време размислувала дали треба да снима филм за нејзиниот починат сопруг, но сепак одлучила дека сега е време за тоа.
Цеца јавно признала дека само актерот и нејзин пријател, Вук Костиќ може да одигра таква улога, а како што се дознава, Ражнатовиќ разговарала и за другите улоги со семејството и смета дека Слобода Мичаловиќ брилијантно би можела да ја одглуми неа.
Иако за ова дело се зборува веќе 20 години и се споменуваа разни имиња од актерската сцена, таа никогаш досега не се огласила по ова прашање, па јасно било дека не го сакала изборот на актери. Неодамна се појави тема дека Милош Биковиќ би можел да го глуми Аркан, но Цеца смета дека Вук Костиќ е најдобар за таа улога.
„Вук е мој пријател и мислам дека тој совршено ќе го прикаже темпераментот и ликот на Жељко. Костиќ е многу талентиран и таа улога сигурно би му одговарала добро. Јас дури и не би се пожалила ако Бред Пит го игра мојот Жељко. Од постарите актери, верувам дека Бранислав Лечиќ добро ќе се снајде во таа улога. Лечиќ го познаваше Жељко, тие беа пријатели, па затоа ќе му биде лесно да се поистовети со ликот“, изјавил неодамна Цеца за домашните медиуми.
Како што се дознава, еминентни директори веќе работат напорно за да ја искористат оваа идеја. Извор близок на семејството Ражнатовиќ открил дека Цеца разговарала со семејството дома, па и тие дале свои предлози и претежно нивните мислења се совпаднале.
Филмот за Жељко Ражнатовиќ има работен наслов „Скок на тигарот“ и треба да се снима во холивудска продукција. Владимир Ѓорѓевиќ, авторот на книгата „Аркан“, вели дека продуцентска компанија од САД е заинтересирана за снимање на филмот за починатиот командант на српската волонтерска гарда.
„Заплетот на филмот би потсетувал на познатите „Скарфејс“ и „Кум“. Тој филм ќе биде инспириран од животот на Аркан, но со многу фикција. Акцентот ќе биде ставен и на односот на главниот лик со поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, како и неговата сопруга Цеца Ражнатовиќ“, изјавил Ѓорѓевиќ за медиумите.