Доделувањето на најнепосакуваните филсмки награди „Златна малина“ е откажно вчеравечер во Лос Анџелес, само неколку часа пред почетокот на церемонијата.
-„Златната малина“ мораше да биде откажана бидејќи Лос Анџелес ги затвори сите големи сали каде би можело да се соберат повеќе од 50 луѓе. Без сала нема да го спроведеме доделувањето, истакна основачот на наградите Џон Вилсон.
Засега не е познато дали и кога ќе биде закажан нов датум.
„Златна малина“ е филмска награда која се доделува во неколку категории: најлош филм, најлош актер, најлоша оригинална песна, најлош режисер…Практично оваа награда е спротивна на Оскарите.
Годинава за најлош филм се номинирани: “Cats”, “A Madea Family Funeral и “Rambo: Last Blood”. Дел од номинациите на најлош актер отидоа кај Силвестер Сталоне и Џон Траволта.
На изненадување на многумина, номиниран е и со Оскар наградениот филм „Џокер“ во категоријата најлошо бесчувствително непочитување кон човековиот живот и јавниот имот.