Португалецот со челична дисциплина и вонсериски талент за фудбал го воодушевува светот години наназад.
Роналдо е најголемото име на поле спорт глобално. Својата кариера ја започна уште од 14-годишна возраст и брзо се лансираше во ѕвездите, каде е со години.
Португалскиот фудбалер е познат по највисокото ниво на професионализам на и надвор од терените и е совршен идол на многу генерации низ целиот свет.
Од најмлади до најстари, зошто сите го обожаваат Роналдо:
Тој е харизматичен и одлично изгледа.
Не се плаши да направи „будала“ од себе и прифаќа шеги на негова сметка.
На 15 години имаше проблем со срцето, кој беше закана за неговата кариера и живот, но по една ризична операција одлично закрепна и оттогаш ни сервира неверојатна фудбалска игра.
Го сакаат во секој фудбалски клуб каде што оди.
Постигнува неверојатни резултати, а знае и да пушти солза ако изгуби значаен натпревар, особено за неговата родна Португалија.
Има совршена игра, која многумина ја нарекуваат поезија во движење.
Може да се спореди само со Меси, Зидан, Марадона и Пеле. Постигнува голови од огромна далечина, дури и со глава, знае како да се движи и неговата комплетна игра на теренот е нешто невидено.
Има постигнато огромен број на пенали, кои, иако технички изгледаат лесно, се огромна задача на психолошко ниво.
Знае да шутира на милион начини и голманот од спротивниот тим никогаш не знае со што може да се соочи.
Не е себичен, како што некои велат, затоа што статистиките покажуваат дека тој има огромен број на асистенции при натпреварите.
Обожава да победува и мрази да губи и тоа јасно го покажува.
Се извинува за своите грешки.
Тој е перфекционист и во една пригода изјави дека неговите соиграчи не биле на највисоко можно ниво. Потоа се извини за критиката и кажа дека само го сака најдоброто за тимот.
Импресивно е колку напорно тренира секој ден.
Тој има невидена дисциплина и затоа ја има оваа форма на најдобар играч. Секој ден трча, прави кардио, вежба во теретана по 3, 4 часа на ден, а плус тоа оди да тренира со тимот.
Тој е добар татко и пријател.
Неговиот татко бил алкохоличар и тој се труди навистина неговите деца да растат на поинаков начин, опкружени со многу љубов и внимание. Не заборава и на својата мајка и останатото свое семејство и секогаш одвојува време и финансии за нив.