понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Абрамовиќ го сака Зидан во Челзи

Абрамовиќ го сака Зидан во Челзи

Само што го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан бил контактиран од претседателот на лондонски Челзи, Роман Абрамовиќ за да ја преземе клупата тој клуб.

Британските медиуми пишуваат дека Абрамовиќ ги стопирал преговорите со Италијанецот Маурицио Сари поади изненадната оставка на Французинот по третата по ред титула во Европа.

Челзи моментно го има менаџерот Антонио Конте, но нему најверојатно ќе му следува отказ поради променливите резултати во минатата сезона.

Абрамовиќ сака негов наследник да биде легендарниот Зидан, иако тој се договори со Сари, кој сега е негова втора опција.

Меѓутоа, големо е прашањето дали Зидан е подготвен да оди во турбулентниот Челзи, особено зашто сака одмор по Реал Мадрид.