четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Адејеми надвор од теренот околу три недели

Адејеми надвор од теренот околу три недели

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми ќе отсуствува од терените околу три недели поради повреда на скочниот зглоб, соопштија од бундеслигашот.

Адејеми скина мускулно влакно на зглобот за време на првенствениот натпревар против Херта (4:1) во неделата.

На последните три натпревари Адејеми постигна три гола и имаше асистенција. Ќе ги пропушти првенствените натпревари против Хофенхајм и Лајпциг, мечот во Лондон против Челзи во Лигата на шампионите и дербито против Шалке.