Еден Азар се претвори во вистинско разочарување за Реал Мадрид, па и покрај фудбалската класа која ја поседува, се чини дека шпанскиот клуб нема да му прави проблеми да замине доколку биде испратена соодветна понуда.
Англиските и шпанските медиуми сега тврдат дека агентите на Белгиецот започнале да работат на случајот на враќање на Азар во Лондон и веќе се направени првите контакти за евентуален трансфер кој повторно ќе биде меѓу најзначајните во овој преоден рок.
Азар очигледно подобро се чувствувал во Лондон каде и ги одигра најдобрите сезони во кариерата, а и натаму е во одлични односи со голем број актуелни фудбалери во составот на Томас Тухел.
Постојат два проблеми за враќањето на Азар во клубот кој го напушти пред две сезони, од кои првата е што Челси има голем број играчи слични на неговиот профил, а главна желба на Тухел е да го засили нападот со играч како Ерлинг Халанд.
Од другата страна е Реал кој плати 100 милиони евра за Белгиецот и веројатно би барал 50-60 милиони за да му дозволи да се врати во Челси, сума која и не е така мала за играч кој не покажа ништо и ретко играше последните две сезони.