петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Агентот на Бејл: Гарет не заслужи таков третман од Реал

Агентот на Бејл: Гарет не заслужи таков третман од Реал

Личниот агент на Герет Бејл, Џонатан Барнет, повторно го искористи своето интервју за да се присети на расипаната врска меѓу неговиот клиент и Реал Мадрид.

– Не мислам дека Гарет заслужуваше таков вид третман од клубот. Со сè што даде за овие седум сезони, тој заслужува поинаков третман. Она што му се случи беше срамота, а Реал Мадрид не помогна во оваа ситуација, изјави Барнет за „BBC Radio 4“.

Тој додаде дека Бејл го сака Тотенхем и тие први направиле напори за тој да пристигне кај нив.

– Имаше многу клубови, дури и со поголеми имиња, кои беа заинтересирани за него, но тој го избра Тотенхем. Се надевам дека сè ќе оди добро и тој нема да мора да се врати во Мадрид следната сезона. Не сакам да се врати во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе триумфира во Тотенхем, изјави Барнет.