Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ги отфрли шпекулациите дека може да премине во тимот на Барселона. Во последните денови се вели дека постои варијанта Агуеро да го напушти Манчестер Сити и да го облече дресот на „каталонците“. Но, според самиот фудбалер, гласините не одговараат на вистината.
„Во минатото имаше веројатност да делиме една соблекувалната со Лионел Меси и на клубско ниво, но таква сега не постои. Дури само поради возраста на двајцата. Јас сум фудбалер на Сити“, прокоментира 29-годишниот Агуеро.
Запрашан за претрпената операција на коленото непосредно пред Светското првенство во Русија, Агуеро изјави: „За прв пат по пет години можам да клекнам и да не почувствувам болка во коленото“, искрен беше фудбалерот.
МИА