вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Ако за Мбапе се грижеше менаџер, а не мајка му, одамна ќе беше во Реал Мадрид“

„Ако за Мбапе се грижеше менаџер, а не мајка му, одамна ќе беше во Реал Мадрид“

Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2025 година и поради тоа се наоѓа на трансфер-листата на францускиот гигант.

Реал Мадрид е заинтересиран за Мбапе, но не сака да плати многу пари за негов трансфер, па најверојатно ќе го чека до следното лето.

Познатиот фудбалски менаџер Иван Ле Ми вели дека проблемите на Мбапе ги создава неговата мајка. Тој смета дека Французинот одамна ќе потпишел за Реал Мадрид, ако имал вистински менаџер.

„Тоа не е нејзина работа, зашто нема способност да се занимава со таква работа. Еднаш имав намера да отворам ресторан, но не знам да готвам и не го направив тоа. Уверен сум дека Мбапе ќе потпишеше за Реал, ако имаше вистински менаџер“, вели Ли.