сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал Хилал го промовира Нејмар (ВИДЕО)

Ал Хилал го промовира Нејмар (ВИДЕО)

Ал Хилал го објави потписот на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Саудискиот клуб на својата страница на Твитер објави видеопрезентација на Бразилецот.

Претходно беше објавено дека 31-годишниот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со клубот. Ал Хилал ќе му плати на напаѓачот околу 160 милиони евра за две сезони.

Претходно, Нејмар играше за Сантос (2009-2013), Барселона (2013-2017) и ПСЖ (2017-2023). За последниот клуб одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и даде 77 асистенции.

Договорот на Нејмар со парижаните беше со важност до летото 2025 година.  (МИА)