Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања од реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа против Севилја.
– Кога сте толку блиску до целта, сакате брзо да стигнете до неа, но треба да останете смирени. Играчите покажаа дека го разбираат ова. Направивме многу за да стигнеме до оваа фаза, а вечер ќе имаме можност да заработиме билет за Будимпешта и да стигнеме до уште едно финале. Севилја е силен тим кој одигра добро во Торино. Примениот гол малку не вознемири, но во вториот дел се подобривме. Знаеме дека Севилја ќе биде поддржана од своите навивачи, но ние ќе бидеме подготвени на се, изјави Алегри.
Првиот натпревар се одржа во Торино и заврши нерешено (1:1). Реваншот ќе се игра вечер од 21 часот на теренот на шпанскиот претставник.