сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Чеферин: Секој кој ќе игра во Суперлигата, нема да може да настапува на ЕП и СП

Александар Чеферин: Секој кој ќе игра во Суперлигата, нема да може да настапува на ЕП и СП

Извршниот комитет на УЕФА имаше вонреден состанок, по кој првиот човек Александар Чеферин се обрати на јавноста. Во првата изјава, претседателот на УЕФА рече дека секој играч што се натпреварува во Суперлигата нема да има право да игра за националниот тим.

„Фудбалскиот свет е обединет, владите се обединети, сите ние сме против овој бесмислен проект. Играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат на Светските и Европските првенства. Тие нема да можат да ги претставуваат своите репрезентации“, рече Чеферин.

Наскоро од просториите на УЕФА треба да се соопштат и останатите одлуки на денешниот состанок на Извршниот комитет во Монтро.