Данскиот фудбалски тим Алборг ќе се засили со македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, открива „Nordjyske.dk“ повикувајќи се на изјавата на спортскиот директор на клубот Инге Андре Олсен кој изјави дека клубот е многу блиску до потпис на нов фудбалер од нападот но истовремено одби да го открие името.
А изданието открива дека се работи за Трајковски од Мајорка и тој треба да биде четвртото засилување на екипата ова лето по Андрес Хагелскјер, Лука Прип и Милан Макариќ.
Ако трансферот се реализира Трајковски ќе биде само вториот македонски фудбалер кој заиграл за Алборг по Артим Шаќири кој ги бранеше боите на овој клуб во 2005-2006 година.