Проблемите со тетивата го натераа фудбалерот на Ливерпул Трент Александер Арнолд да направи пауза од неколку недели.
Тоа се лоши вести за Јирген Клоп, кој со Ливерпул води неизвесна борба за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити.
Англискиот репрезентативец ќе ги пропушти натпреварите против Швајцарија и Брегот на слоновата коска за време на репрезентативната пауза.
„Трент е надвор од тимот поради проблеми со тетивата, па нема да игра ниту за Англија. Тоа не е добра вест, ќе видиме колку долго ќе трае задравувањето“, потврди германскиот тренер.