Требаше да биде едно од најголемите засилувања на Манчестер Јунајтед, но Алексис Санчез испадна најголемо разочарување за тимот од „Олд Трафорд“. Чилеанецот е непрепознатлив во дресот на „црвените ѓаволи“, а во вторникот имаше уште една лоша вечер.
Санчез на средбата од Лигата на шампионите, против Валенсија на домашен терен, одигра 75 минути, а топката ја загуби 26 пати, или во просек на секои три минути.
Незадоволството кај навивачите на Јунајтед расте и тие за лошите резултати како еден од виновниците го посочуваат токму Санчез.
– Не работи ништо, а зема 505.000 фунти неделно, се дел од коментарите на социјалните мрежи за играта на Санчез.