Многумина го критикуваа Јирген Клоп кога реши да исплати 62 и пол милиони евра за Алисон Бекер, велејќи дека тоа е премногу за еден голман, но од ден во ден, од натпревар во натпревар, самиот Алисон покажува дека Клоп и тоа како бил во право.
Ладнокрвност, сигурнос, самодоверба и уште многу тоа што Ливерпул досега го немаше на голманската позиција го доби со Бразилецот.
Дека се работи за вистинско богатство на голот Алисон покажува во секој натпревар, покрај одличните одбрани кои се и негова работа, тој покажува и сигурност кога топката е во неговите нозе.
Тоа уште една го покажа на последниот натпревар против Брајтон, кога баш може да се каже дека си поигра со противничкиот фудбалер.