Фудбалерот на Челзи, Маркос Алонсо, изјави дека неговиот партнер во шпанската репрезентација и клупски колега Алваро Мората не е задоволен од фактот што не бил повикан во националниот тим.
Алонсо очекува Мората да биде дел од репрезентацијата на Светското првенство во Москва.
– Алваро не беше премногу задоволен. Тој мораше да помине низ тежок период поради повреда. Сега е целосно подготвен, а неодамна постигна гол. Тој е многу важен играч за нас. Се надевам дека тој успешно ќе игра на крајот од сезоната и ќе оди на Мундијалот, рече Алонсо.
Шпанија в петок ја очекува контролен дуел со Германија на гостински терен.