понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Беше најдобар минатата, најдобар е и оваа сезона

Анчелоти: Беше најдобар минатата, најдобар е и оваа сезона

Покрај двојниот стрелец Родриго , се истакна голманот Тибо Куртоа. Во неколку ситуации тој реагираше маестрално и ја сочува својата мрежа.

„Тибо беше најдобар минатата сезона, најдобар е и оваа сезона“, го пофали Карло Анчелоти белгискиот голман.

Италијанскиот тренер имаше пофални зборови својот поранешен клуб, но истакна дека Реал заслужено визирал полуфиналето.

„Челси одигра многу добро, нè натера да трепериме во првото полувреме, но успеавме да заминеме на пауза со 0-0. Во вториот дел бевме многу подобри и постигнавме два гола по фантастични комбинации. Среќни сме што се пласиравме во полуфиналето.Имаме уште 180 минути до финалето. Подготвени сме да се бориме за финале“, заврши Анчелоти.

Реал Мадрид во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити.