недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Чави донесе напредок во Барселона

Анчелоти: Чави донесе напредок во Барселона

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти на оваа средба нема да може да смета на својот прв напаѓач Карим Бензема. И покрај тоа, искусниот тренер на „кралевите“ верува во успех против големиот ривал.

„Мислам дека можеме да победиме и без Бензема. Нормално е дека ќе ни недостига, но тимот мора да знае да игра и без клучните играчи. Барселона остана на својот стил на игра. Чави донесе напредок, тоа е очигледно. Се работи за комплетна екипа која игра многу динамично. Ако победиме, ќе имаме три бода повеќе во борбата за титулата“, смета италијанскиот стручњак.

Натпреварот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ в недела со почеток од 21:00 часот.