Карло Анчелоти го отпиша Иско и нема да му даде шанса да настапи на финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Шпанскиот офанзивец на крајот од сезоната ќе си замине од „кралскиот“ клуб. Оваа одлука на првиот тренер значи дека тој нема да помогне во освојување нов трофеј во елитното клупско натпреварување.
30-годишникот ќе ја напушти престолнината по девет години. Неколку европски гиганти како Арсенал и Борусија Дортмунд покажаа интерес да го доведат Иско.