недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Имаме право да се сомневаме во исправноста на ВАР-одлуката

Анчелоти: Имаме право да се сомневаме во исправноста на ВАР-одлуката

Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид сега загуби во директниот дуел Барселона со 2-1 и значително ги намали шансите за одбрана на титулата.

Сепак, најкоментираниот момент по натпреварот е поништениот гол на Асенсио при 1-1, заради недозволена позиција.

„Мора да ја прифатиме одлуката на судијата, но имаме право да се сомневаме во исправноста на одлуката. Сигурно нема ништо, мислам дека имаме такво право на сомнеж“, рече Анчелоти.

„Мислам дека заслуживме да победиме. Беше тешко да се игра, но моите фудбалери одговорија на предизвикот. Ќе се бориме до крајот на шампионатот, иако предноста е голема. Сепак, денес заминуваме горди од Барселона, бидејќи одигравме одличен натпревар. Ако играме вака до крајот на сезоната, сигурен сум дека нешто ќе освоиме“, заврши тренерот на Реал со својата изјава.