петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти ја пропушти прес-конференцијата по натпреварот со Салцбург

Анчелоти ја пропушти прес-конференцијата по натпреварот со Салцбург

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не присуствуваше на прес-конференцијата по средбата со Салцбург во 4. коло од Лигата на шампионите.

Натпреварот заврши 1:1.

Според „Ла газета дело спорт“ ваквото однесување на Анчелоти може да е резултат на конфликт со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Наполи по четири кола е втор во Е-групата и му треба една победа во последните две рунди за да го потврди пласманот во нокаут фазата од елитното фудбалско натпреварување.