петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Модриќ е вистински професионалец

Анчелоти: Модриќ е вистински професионалец

На прес-конференцијата тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти беше запрашан како би му објаснил на „играч како Модриќ“ дека ќе биде резерва.

„Овде сите се професионалци, не бараат објаснувања. На ист начин и јас не давам објаснувања на некој што не игра. Нема за што да се грижите“, изјави италијанскиот стручњак.

Во сабота е првото овосезонски „Ел Класико“ во Примера, меѓу актуелниот шампион Барселона и Реал Мадрид, актуелниот водечки тим во шпанското првенство. Реал Мадрид по десет одиграни кола има 25 бодови, а Барселона 24.

Доколку Модриќ настапи на овој меч, ќе стане најстариот фудбалер кој некогаш играл на „Ел Класико“, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Тој рекорд сега го држи поранешниот голман на Реал, Пако Бујо, кој во 1996 година стоеше меѓу стативите на возраст од 38 години и 38 дена. На тој дуел Барселона победи со 3-0. Модриќ има 38 години и 47 дена