Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти добива комплименти од сите страни, а тимот кој требаше да изгледа уморно по многубројните натпревари годинава, блесна во вториот дел и со три гола, се чини, ја заврши работата за место во четвртфиналето.
„Кога ќе видите како почнал натпреварот, ова што го направивме вечерва е чудесно. Сепак, ние никогаш не ја губиме главата, самодовербата и смиреноста. Малку по малку ја освоивме топката и зададовме „удари“. Домашните фудбалери ни создадоа многу проблеми во одбраната, но ние бевме подобри во нападот. Нема да полетаме. Уште не сме во четртфиналето и нема да го потцениме Ливерпул и на реваншот“, рече Анчелоти.