Реал Мадрид се прикажа во навистина лошо издание во Париз и продолжи така и во првото полувреме против Алавес, по што следеа свирежи од навивачите на Реал Мадрид кои беа присутни на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот Карло Анчелоти изјави дека една работа се повторува многу често во последно време, а тоа е недоволно квалитетни изданија во првите полувремиња.
– Ни беше потребен ваков тврд меч и победа. Првото полувреме беше тешко, ни недостасуваше квалитет, а потоа се подобривме. Тројцата играчи во нападот беа многу добри. Она што е воочливо е фактот дека имаме една слабост во последно време. Првите полувремиња се наша слабост и мора да го решиме тоа. Сигурен сум дека ќе го решиме. Публиката не беше задоволна од тоа што го виде во првото полувреме и свирежите не се новост тука. Навивачите не беа задоволни и го искажаа тоа што го чувствуваа. Кога игравме подобро, навивачите стоеја зад нас, – изјави Анчелоти.