Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свое видување за натпреварот со Ливерпул (1:0) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Имавме добар натпревар без големи падови и со сериозни, јасни идеи. Се заврши добро. Не се грижам за ждрепката. Треба само да победиме, без разлика кој ќе ни се падне. Тоа е се! Крос и Модриќ одиграа одлично денеска. Поседот беше грижа за тимот, но тие вложија големи напори да ги задржат конците на играта под контрола. Имаме многу модерен тим – кул, искусен, посветен на својата работа. Целосна концентрација. Лигата на шампионите е многу каприциозен турнир. Сè уште не е лесно да се победи. Екипите кои многумина не ги гледаа во оваа фаза стигнаа до четвртфиналето. Пред сè, ова се однесува на клубовите од Серија А. Но, ние мора да се фокусираме на нашата игра и победи, изјави Анчелоти.
Во првиот меч мадриѓаните победија со 5:2, па зсо вкупни 6:2 стигна до четвртфиналето. Ждрепката ќе се одржи на 17 март. (МИА)